САД бараат дозвола од Ирак да го достават системот „Патриот“ во земјата

Фото: САД

САД се обидуваат да добијат дозвола од Багдад да го префрлат одбрамбениот систем „Патриот“ во Ирак, поради подобра одбрана на американските сили по иранскиот ракетен напад на 8 јануари, во кој беа повредени 50 американски војници, изјави денеска американскиот министер за одбрана Марк Еспер.

Американските сили го немаат одбрамбениот систем „Патриот” во воздухопловната база Ал-Асад во Ирак, која ја погодија најмалку 11 ирански ракети.

Западните медиуми објавија дека било очекувано Техеран да им се одмазди на САД поради убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани, но се претпоставувало дека веројатно ќе бидат нападнати американски позиции во некоја друга земја каде Техеран има повлијателни сојузници, а не во Ирак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот