САД бара од Сеул да преземе поголеми трошоци за американските сили во земјата

Фото: EPA-EFE/Kim Min-Hee

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер денеска изјави дека е клучно САД и Јужна Кореја до крајот на годината да постигнат договор за поделба на трошоците за американските сили во оваа азиска земја, според кој поголемиот дел од трошоците ќе треба да биде на Сеул.

-Јужна Кореја е богата земја и може да плати повеќе за распоредувањето на американските војници, рече Еспер по разговорот со јужнокорејскиот колега Џонг Квонг Дуом, пренесоа британските меидуми.

Џонг изјави дека со Еспер се согласиле дека договорот за поделба на трошоците на американските сили во неговата земја треба да биде праведен и двострано прифатлив.

Тој додаде дека во разговорот повторно била потврдена посветеноста за одбраната на Јужна Кореја од северниот сосед, како и напорите за денуклеаризацијата на Северна Кореја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот