САД: 75 отсто од децата починати од Ковид-19 се од малцински групи

Коронавирусот е причина за смрт на најмалку 121 лице на возраст под 21 година во САД помеѓу 12 февруари и 31 јули. Тоа се нагласува во студија објавена од Центрите за контрола и превенција на болести.

Од тие млади, приближно тројца од четворица биле од хиспанско, црно, американско-индиско или домородно население од Аљаска, што укажува на тоа дека вирусот убива непропорционално млади луѓе кои не се белци, а особено оние кои немаат основни здравствени услови.

ЦДЦ нагласува дека наодите треба да ги охрабрат училишните системи кои повторно се отворија за внимателно следење на инфекциите и тешките симптоми кај деца и млади лица.

Според нив, имало 391.814 познати случаи меѓу луѓе под 21 година од средината на февруари до крајот на јули. Повеќето – но не сите – млади пациенти имаат поблаги симптоми отколку постарите пациенти.

Прочитајте и...  Навални се опоравува побрзо од очекуваното, тврдат неговите соработници

Од младите луѓе кои починале од вирусот, 63 отсто биле мажи; 10 отѕсто биле доенчиња стари помалку од една година; 20 отсто биле на возраст меѓу 1 и 9 години; 70 отсто биле на возраст од 10 до 20 години; а 75 отсто имале барем едно друго заболување.

Дополнително, 45 отсто биле хиспанци; 29 отсто биле црнци; четири отсто биле нехиспанско американско индиско или домородно население од Аљаска.

„Меѓу доенчиња, деца и адолесценти хоспитализирани со лабораториски потврден Ковид-19 и случаи на МИС-Ц, лицата од расни и етнички малцински групи се презастапени”, забележаа истражувачите.

ЦДЦ во една студија минатата недела потврди дека децата можат и го пренесуваат коронавирусот на членовите на нивното семејство.

Прочитајте и...  Азербејџан ја очекува поддршката на Србија околу Нагорно-Карабах

Прочитај повеќе

Србинка со новороденче заврши во притвор- била шеф на балканска наркобанда во Шпанија (ВИДЕО)

Слободен печат

САД ќе ја затворат амбасадата во Багдад доколку продолжат ракетните напади

Слободен печат

Азербејџан ја очекува поддршката на Србија околу Нагорно-Карабах

Слободен печат

Се појави видео од приемот на Јанкулоска во „Идризово“ (ВИДЕО)

Маријана Митровска

Во Франција коронавирусот зема замав- над 4 илјади заразени во еден ден

Маријана Митровска

Бесими: Ребалансот во тек, средствата ќе се насочат таму каде ќе дадат подобри резултати

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Словачка во среда повторно ќе воведе вонредна состојба

Слободен печат

Итна седница на Совет на безбедност на ОН за Нагорно-Карабах

Слободен печат

„Да ги стреламе или да ги отруеме со гас“, снимен заговор за убиство на мигранти

Слободен печат

Нема поддршка за Законот на ЈО, нема опозициски предлог за јавен обвинител

Слободен печат

Заев: Ние се боревме ФИРОМ да го тргнеме

Слободен печат

Поради пандемијата изгубени се 12 билиони долари од светскиот БДП