Сачева: Ќе организираме протести во одбрана на Борисов

Деница Сачева/ Фото: МИА

Пратеничката во бугарскиот парламент Деница Сачева изјави дека партијата ГЕРБ се подготвува да одржи протест во одбрана на партискиот лидер и поранешен премиер Бојко Борисов, јави дописникот на МИА од Софија. Партискиот врв на ГЕРБ се собра пред домот на Борисов во предградието на Софија, Банкја. Функционерот на ГЕРБ Тома Биков соопшти дека партијата ги известила високите претставници на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел за вечерашните настани.

Во домот на Борисов, во кој бил извршен претрес, бил пуштен само неговиот адвокат Менко Менков.

Десислава Атанасова, која ја предводи пратеничката група на ГЕРБ во Народното собрание на Бугарија, рече дека Борисов не бил приведен, туку само бил извршен претрес.

Таа рече дека не контактирале со ниту еден од приведените високи функционери на ГЕРБ. Портпаролката на Основното обвинителство на Бугарија, Сијка Милева, потврди дека се работи за истрага за злоупотреба на средства од ЕУ и ги упати бугарските медиуми да се обратат до Европското обвинителство. Вчера и денеска шефицата на Европското обвинителство Лаура Ковеши беше во посета на Бугарија.

Бугарската полиција го приведе Бојко Борисов, Петков вели дека никој не е над законот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот