Сабаленка и се реваншира на Барти и ја освои титулата во Мадрид

epa09186293 Aryna Sabalenka of Belarus celebrates with her trophy after winning against Ashleigh Barty of Australia in their final match at the Mutua Madrid Open tennis tournament in Madrid, Spain, 08 May 2021. EPA-EFE/CHEMA MOYA

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е нова шампионка на Мастерсот во Мадрид откако во финалето ја победи првата тенисерка на ВТА ранг листата, Ешли Барти со 6:0,3:6,6:4.
Овој дуел дојде само две недели откако истите тенисерки играа во финалето на турнирот во Штутгарт кога победи Барти.

Првиот сет на убедлив начин и припадна на Сабаленка со максимални 6:0 за само 26 минути игра. Првата тенисерка на светот возврати во вториот сет кога три пати го освои сервисот на противничката и дојде до израмнување на 1:1 во сетови.
Одлучувачкиот сет помина во израмнета игра на двете тенисерки без многу шанси за брејк. Барти не ги искористи своите две брејк шанси во четвртиот гем, додека Сабаленка во деветтиот гем ја искористи првата брејк топка за водство од 5:4 по што во наредниот гем со сигурен сервис успеа да дојде до победата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот