Сабаленка и Барти ќе играат за титулата во Мадрид

epa09179574 Aryna Sabalenka of Belarus reacts during her quarterfinal match against Elise Mertens of Belgium at the Mutua Madrid Open tennis tournament in Madrid, Spain, 05 May 2021. EPA-EFE/JUANJO MARTINEZ

Арина Сабаленка е втората финалистка на Мастерсот во Мадрид откако во полуфиналето беше поуспешна од руската тенисерка Анастасија Пављученкова.

Седмата тенисерка на светот славеше во два сета со 6:2,6:3 и тоа за само еден час игра.
Сабаленка во првиот сет два пати го одзеде сервисот на противничката, додека во вториот сет беше уште поубедлива, поведе со 5:0 по што дојде до мало опуштање од нејзина страна, но сепак не дозволи никаков пресврт ниту поголема неизвесност.

Таа во саботното финале ќе се сретне со првата тенисерка на светот, Ешли Барти која во полуфиналето беше поуспешна од шпанската тенисерка Паула Бадоса Гиберт со 6:3,6:4.
Интересно, ова ќе биде второ финале по ред во кое ќе играат овие две тенисери. На турнирот во Штутгарт кој се играше пред десетина дена, Барти ја совлада Сабаленка во три сета (3:6,6:0,6:3).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот