Саакашвили почнал штрајк со глад во притвор

Михаил Саакашвили
Михаил Саакашвили / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, кој беше уапсен вчера попладне при влегување во земјата, почна штрајк со глад и побара да се сретне со украинскиот конзул, јави грузискиот правобранител Нино Ломџарија.

– Кога го посетив, тој беше на лекар и на медицински прегледи. Подоцна ни беше дозволено да разговараме во затворската ќелија. Тој ни кажа дека најавува штрајк со глад, рече Ломџарија по средбата со Саакашвили, пренесе Тасс.

Правобранителот додаде дека поранешниот грузиски претседател ги негира обвинувањата и себе се смета за политички затвореник.

Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили вчера изјави дека нема да го помилува поранешниот претседател, а сега опозицискиот политичар Саакашвили, откако тој вчера беше уапсен на враќање во земјата, по осум години минати во бегство во Украина.

Веста за апсаењето ја објави премиерот Иракли Гарибашвили, откако Саакашвили, кој беше осуден во отсуство под обвинение за злоупотреба на службената положба, објави на својот профил на Фејсбук дека се вратил во земјата и се наоѓа во градот Батуми, што грузиските власти првично го негираа.

Грузиските власти постојано повторуваат дека Саакашвили, кој беше претседател на земјата од јануари 2004 до ноември 2013 година, ќе биде уапсен веднаш по неговото пристигнување во земјата.

Саакашвили е обвинет за злоупотреба на службената положба и прикривање на докази за кои во 2018 година беше осуден во отсуство на затворска казна, а тој тврди дека сите обвиненија против него се политички мотивирани.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот