Сѐ за победа – Дански политичар на порно сајт ја рекламира својата кампања

Јоаким Б. Олсен, член на Либералната алијанса во Данска, отиде чекор понатаму со рекламирањето на својата кампања на интернет.

Олсен, добитник на сребрен медал во фрлање ѓуле во Атина во 2004 година, постави реклама со логото на партијата и ги повика гласачите да гласаат за него на една од најпопуларните веб-сајтови за возрасни во светот – Порнхаб.

Тој потврди на профилот на Фејсбук дека поставил реклама, а на весникот Сандеј му рече дека „изборните кампањи се сериозна работа … но, мора да има малку хумор во сè”.

Без претходна консултација со партијата, тој платил рекламен простор користејќи слоган: „

Кога ќе завршите со мастурбацијата, гласајте за Џокке (прекар од Јоаким)”. Тоа е слоганот на Олсен за политичка кампања, но многумина го критикуваа за ова.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот