С. Македонија нема време за губење – вели американската амбасадорка Агелер, а Артан Груби се согласува

Фото: Фејсбук/Артан Груби

Потребата од уставни измени, интеграцијата на земјата во Европската Унија, реформите во земјата, политичката ситуација и процесот на ветинг биле темите на кои разговарале на денешната средба вицепремиерот Артан Груби и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер.

Како што соопштија од кабинетот на Груби, уставните измени биле оценети од посебно значење поради тоа што се услов за продолжување на европскиот пат. На средбата било проценето дека „земјава нема време за губење“.

Понатамошната интеграција на Западен Балкан во Европската Унија е дополнителна гаранција за стабилност и просперитет во овој дел од Европа, а САД, како сојузник на Северна Македонија, продолжуваат да ја даваат поддршката за завршување на интегративниот процес.

– Секој успех на нашата земја е постигнат во соработка со Соединетите Американски Држави, соопштија од кабинетот на првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Функционирањето на владината коалиција било оценето како квалитативно, а Груби истакнал дека европскиот пат бара еден заеднички фронт на сите прогресивни сили, додека САД остануваат силно посветени на поддршката на Република Северна Македонија на патот кон реформите за да се овозможи функционална и стабилна демократија.

На средбата се разговарало и за предлогот за ветинг што треба да ги опфати сите, од политичките личности, судиите и обвинителите, како форма на борба против корупцијата и акција која гарантира суштинска контрола на функционерите пред да бидат избрани на функцијата.

Груби изразил благодарност за американската помош и поддршка за еднаквост, демократија и интеграција на нашата земја во последните три децении.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот