Сѐ за неуспешниот севернокорејски обид за атентат на претседателот на Јужна Кореја

Фото: Профимедиа

Ова не е приказна од сегашноста, туку од минатото, кога односите на Северна и Јужна Кореја биле искучително нарушени.

Во последните децении Северна Кореја, често во вестите најмногу се поврзува поради заканите со превентивно нуклеарно уништување на своите непријатели. Режимот во Пјонгјанг не запира со провокациите дури ни за време на коронавирусот, бидејќи претходно овој месец, забележано е дека истрелале три проектили од градот Сондок во Источното Море. Меѓутоа, текстот објавен на „Блиц“ не е приказна од сегашноста, туку од минатото, кога односите на Јужна и Северна Кореја биле толку заострени што доаѓало до заплети што биле толку филмски, што и сценаристите на серијалот Џејмс Бонд би им завиделе.

За подобро да се сфати ситуацијата, се враќаме во 1968 година. Рок-музиката завладеала со планетата, а како нус-појава, се појавиле „децата на цвеќињата“, односно, движењето на младите кои уживаат во музика, блуд, разврат и во сите врсти на дроги и што можеби е најбитно, се залагаат за прекинување на војната во Виетнам. Токму тој факт бил иницијална каписла кај режимот на Пјонгјанг да го направи она што никој не ни можел да го замисли, да ја нападне „Сината куќа“ во Сеул, односно, резиденцијата на претседателот на Република Кореја.

Војната во Виетнам како идеална можност за напад

Со оглед на тоа дека војската на Јужна Кореја била воено ангажирана на станата на САД, односно, јужен Виетнам, кои покрај нив, добивале поддршка и од војските на Нов Зеланд и Австралија, севернокорејците својата улога ја нашле на страната на Демократската република Виетнам, заедно со СССР и Кина.

Според зборовите на експертите и воените аналитичари, ова било вистинското време за обид на насилно соединување на двете Кореји, најмногу поради воената ангажираност на Јужна Кореја во Виетнамската војна.

Имено, до 1968 година, 15-годишното примирје на Северна и Јужна Кореја е проследено со низа на провокации. Двете страни непријателски се гледаа преку Корејската демилитаризирани зони – граница која, и покрај своето име, содржела 160 милји најгуста воена концентрација на светот во тој момент. Иако многу стравувале дека инцидентот можел да прерасне во судир, врвот на Јужна Кореја немал никаква информација дека малку подолу, во Пјонгјанг, се кова завера за убиство на претседателот на нивната држава.

План

Планот на Северна Кореја бил луд, одважен, храбар и невозможен, а подразбирал речиси герилска акција во која војници на специјална задача во Јужна Кореја, имале логистичка поддршка и друга поддршка од оние веќе со години биле во внатрешноста на „јужнот брат“ за да го поткопаат системот и да шират севернокорејска пропаганда.

Колку се ова е било големо и важно за режимот во Пјонгјанг, зборува и фактот дека 31 човек колку што имало во елитната диверзантска единица 124, се собрани по ригорозна селекција која опфаќала дури 100.000 луѓе.

Десет кругови на пекол и спиење меѓу коски на починати

За да бидете дел од оваа единица, одбраните морале буквално да поминат десет кругови на пекол. Од обуките кои подразбирале ракување со огнено оружје, ладно оружје, боречки вештини, се до тестови за издржливост во кои морале да преживеат без храна и вода за време на марш кој работеле на засилување на психофизичкото здравје. На пример, имале задолжителен засилен марш на кој морале да се движат со брзина од 13 километри на час и тоа по најтежок брдско-планински терен. Со цела воена опрема.

Покрај тоа, морале потполно да го префрлат акцентот и дијалектот и да зборуваат како Јужнокорејци, а за нивната војлја да биде силна, спиеле меѓу починати и коски на покојници. Тие биле подготвени да го жртвуваат својот живот без било каков приговор. Во случај да бидат заорбени, биле научени како најбрзо можно да извршат самоубиство, па и ако тоа не појде од рака, да го одгризаат сопствениот јазик.

Покрај сите тие вештини, тие совршено владееле со техники за преживување и навигација.

Целиот тренинг траел две години, за дури две недели пред заминувањето да им биде соопштено што им е целта – „Сината куќа“ и главата на претседателот на Јужна Кореја, Парк Чунг Хи.

Заминување во акција

На 16 јануари 1968 година, единицата на високо обучени комунистички командоси го напуштиле својот гарнизон во округот Ионсон во пограничната провинција Северен Хвангае.

Ден подоцна успеале да влезат во Корејската демилитаризирана зона – ползејци по заледена река, со бели кабаници на себе, и успеале да влезат во Јужна Кореја. До одредиштето им останале три напорни марша, но и една грешка, односно средба, која подоцна ги чинела живот и неуспех на акцијата.

Имено, за време на кампувањето на планината Симбонг, во обид да избегнат било какво откривање од страна на јужнокорејските сили, тие сепак се откриени од страна на локалните жители. Четири браќа, од едно блиско село, случајно ги откриле диверзантите на единицата 124 кога собирале огревни дрва.

Грешка која ја загрозила цела акција

Иако било природно да ги убијат, тие се одлучиле на друг чекор. Сметајќи дека се на нивна страна, севернокорејците направиле кардинална грешка, ги ослободиле, а браќата веднаш по ослободувањето и доаѓањето во селото, ја алармирале полицијата и војската.

Властите во Јужна Кореја веднаш прогласиле аларм и ја засилиле сигурноста на полуостровот. Испратени се патроли во планината во обид да се пронајдат диверзантите, но една едниница сепак успеала да стигне до Сеул и да се прегрупира на планираното место за состанок. Низ градот се движеле во униформи на јужнокорејската војска, а многу им помогнал фактот што одлично го зборувале тамошниот јазик.

Утрото на 21 јануари успеале да пробијат до Сеул, во униформи од војската на Јужна Кореја, избегнувајќи ги бројните контролни пунктови и полициски линии, пред конечно да бидат уапсени пред самата „Сина куќа“.

Откриени се на нешто помалку од километар од целта, кога ги запрел полициски џип. По краткото недоразбирање, кога е откриена нивната маска, дошло до размена на оган во која загинал еден полицаец, како и околу дваесетина жени и деца од школски автобус кој се нашол во средина на престрелката.

Иако биле решени да одат до крај, со оглед на фактот дека имале и рачни бомби, диверзантите сепак морале да се повлечат по појавувањето на тенковите и голем број на припадници на јужнокорејската армија. Траговите од нивниот напад и денес стојат на ѕидовите кои ја опкружуваат „Синат куќа“.

Од 31 диверзант, преживеале двајца

Од 31-члената група, за 29 е потврдено дека се мртви, некои од страна на војниците од Јужна Кореја, додека други извршиле самоубиство. Заробениот член на групата е помилуван по една година, со оглед на фактот дека не утврдено дека не пукал од својата пушка, а потоа се асимилирал и продолжил да живее во Сеул.

Останатиот член на елитната единица 124 успеал да се врати во Северна Кореја и таму поради неговата храброст и подвиг, стекнал статус на божество, примил ордени и заслуги од страна на режимот со кој тогаш владеел Ким Ил-сунг, основач на семејството кое повеќе од седумдесет години владее со Северна Кореја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот