Сѐ помалку ученици во Куманово, се иселуваат цели фамилии

Училница / Фото: Архива

И Куманово не е одминато од трендот на иселување од државата, што може да се види од бројот на запишани ученици, пренесува локалниот портал „Кумановски муабети“.

Иако е најголема општина во државата, може да се види дека во училиштата има сѐ помал број запишани ученици, информираше денеска пред советниците во општината раководителот на Секторот за образование, Александар Јовановиќ.

-Во учебната 2020/2021 година во средните училишта во градот имало 4.508 ученици, годинава таа бројка изнесува 4.126 ученици, рече Јовановиќ.

Што се однесува до основните училишта, и таму бројот на ученици се намалува.

– Во учебната 2020/21 се запишани 1.208 ученици, во 2021/22 се запишани 1.122 ученици и во 2022/23 запишани се 1.070 ученици. И тука се клучни три фактори, пад на наталитетот, меѓуопштинска миграција, која и не е толку голем проблем и иселување на населението, смета Јовановиќ.

Тој очекува уште помал број на запишани ученици идната година поради најави на Германија дека ќе се олесни визниот режим.

Според него, состојбата во септември може да биде уште полоша, особено ако Германија во април го донесе најавеното олеснување на визниот режим и издавањето работни дозволи и со тоа дојде до дополнително иселување од градот.

– Внатреопштинската миграција не е проблем, дали ќе учи во едно или друго училиште, ќе учи тука, меѓутоа надвор од општината имаме дополнителен проблем и во споредба со другите општини од северисточниот регион, Куманово е најбројна и по последниот попис што беше реализиран важиме за најголема општина во нашата држава, но фактите се тие, не сме имуни и ние и околните држави, вели Јовановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот