Сѐ поголем број на Руси во Белград: „Србија е единствената земја што сакаше да ги прими“

Фото: Jerome Cid / Alamy / Alamy / Profimedia

„Во изминатата година, околу 200.000 Руси ја напуштија својата татковина и заминаа во Србија, земја која одржува блиски врски со Москва, но сепак ја осуди инвазијата на Украина“, пишува американската агенција „АП“.

„АП“ пишува дека Србија е најблискиот европски сојузник на Москва, со историски, верски и културни врски зајакнати со политичкото влијание на Кремљ во таа земја.

Американскиот медиум додава дека Русија ја поддржува Србија за прашањето за Косово, кое прогласи независност во 2008 година со поддршка на Западот. „АП“ наведува дека Србија одбила да воведе санкции кон Русија поради војната во Украина.

„Истовремено, Србија сака да влезе во Европската унија. Нејзиниот претседател Александар Вучиќ ја осуди инвазијата, а околу 200.000 Руси ја преплавија земјата во изминатата година, а многумина бараа нов живот во „братската“ земја ослободена од угнетувањето на Кремљ“, пишува „АП“.

Русинката Анастасија Демидова, која во Србија пристигнала од Москва пред три месеци, за „АП“ изјави како се чувствува во главниот град на Србија.

„Овде во Белград не нè гледаат како непријатели, а тоа значи многу. Разговарав со многу Срби и други странци овде. Кога ќе ме прашаат што правам таму, им велам дека сме против Путин и за демократска Русија. Очигледно е дека сме против војната во Украина“, изјави Русинката за АП.

Други велат дека избегале од Русија за да избегнат мобилизација или затоа што западните санкции ги оштетиле нивните бизниси или ги загубиле своите работни места.

Но, тие одржуваат врски со својата татковина, вклучувајќи ги и финансиските врски, рече историчарот Алексеј Тимофеев. За разлика од нивните претходници од почетокот на 20 век, рече тој, тие не можат да одат подалеку на Запад поради санкциите и сè уште им се потребни визи за да патуваат во побогатите земји во Европа.

„Тие самите не ја избраа Србија, туку се преселија затоа што таа е единствената земја што би ги прифатила“, вели историчарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот