СЀ ЗА ПОДОБРО СЕДИШТЕ: Глумела дека се гуши во авион, па завршила во затвор

Фото: Профимедиа

Неименувана патничка која летала од местото Пенаскола кон Флорида за време на авионски лет се пожалила дека има проблеми со дишењето, објави полициската управа на ова место.

Но нејзиниот план не успеал, а работите станале уште покомплицирани бидејќи пилотот одлучил да побара принудно слетување поради итниот случај, па се „вратил“ назад кон местото Пенаскола.

Сите патници потоа се евакуирани, вклучувајќи ја и патничката која изглумела здравствен проблем за да добие подобро место, рече портпаролот на полицијата.

– Во петокот, 29 ноември, летот 3508 на компанијата „Американ Игл“ е вратен назад на аеродромот во Пенаскола поради патничка која побарала лекарска помош. Авионот полета во 5.43 часот, а се врати на аеродромот од кој полета утрото во 6.26 часот. Сите патници нормало излегоа од главната врата на авионот. Патничката која се жалеше дека има проблеми со дишењето беше преземена од полицијата и медицинскиот персонал, а авионот без неа повторно полета во 7.41 часот – стои во официјалнот соопштение на авиоомпанијата.

Патничката во моментов е во притвор, според законите на сојузната држава Флорида во САД, кој овоможува задржување на луѓе во затворот со ментални проблеми во период од 72 часа, ако се воспостави дека за нив не се води соодветна грижа или може да си наштетат себеси или на други луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот