Сѐ уште трае надградбата на системот за зонско паркирање на „Градски паркинг“

Градски паркинг / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Надградбата на системот за зонско паркирање на паркиралиштата во надлежност на „Градски паркинг“ сѐ уште трае, со цел, како што велат од претпријатието, да се овозможи подобра и поефикасна услуга за граѓаните.

 Генерално проблемот со наплаќање преку смс пораки е решен. Во однос на информација за неможност за наплата на паркирање со смс – порака преку мобилниот оператор А1 Македонија, ве информираме дека, економскиот оператор кој работи на поефикасен систем, заедно со операторот А1 Македонија работат и за решавање на проблемот кој го имаат нивните корисници – односно повторно да можат наплатата да ја вршат преку смс порака – објаснуваат од „Градски паркинг“.

Оттаму апелираат корисниците на зонското паркирање да продолжат да ја вршат наплатата преку своите мобилни апарати, но, доколку не успеваат во тоа, наплатата за паркирање да ја извршат преку купување греб картички.

 Се надеваме дека економскиот оператор со кој соработуваме во најкраток можен рок ќе ги изврши сите потребни работи за надградувањето на системот, со што наплатата преку смс порака ќе се врати во потполна функција – велат од јавното претпријатие.

Видео на денот