Сѐ уште се гаси пожарот кај Чернобил, радијацијата 16 пати повисока од вообичаеното (ВИДЕО)

ФОТО: ЕРА

Под истрага дека предизвикал најмалку еден локален пожар е 27-годишен жител на градче недалеку од зоната на исклученост.

Украинските пожарникари во средата, петти ден по ред, продолжија да се борат со шумскиот пожар во ненаселената зона на исклученост кај Чернобил, која се уште е контаминирана од нуклеарната катастрофа што се случи пред повеќе од три децении.

Над 250 пожарникари го гаснат пожарот

Властите повеќе од двојно го зголемија бројот на пожарникари кои го гасат пожарот, ангажирајќи 274 пожарникари, три авиони и три хеликоптери.

Државната служба за кризни ситуации во вторникот објави дека пожарникарите успеале да го намалат подрачјето зафатено со пожарот во зоната на исклученост од 25 на 100 хектари.

Сојузната служба во средата не објави нови податоци за површината зафатена со пожар. Експертите за околина стравуваат дека пожарот би можел да ја подигне радиоактивната пепел од тлото. Државната служба за кризни ситуации рече дека изгледа дека степените на радијација се во дозволени рамки.

Високиот државен службеник за животна околина, Егор Фирсов рече дека по избивањето на пожарот во текот на викендот степенот на радијација во тоа подрачје бил 16 пати повисок од нормалните позадински степени.

Под истрага дека предизвикал најмалку еден локален пожар е 27-годишен жител на градче недалеку од зоната на исклученост.

Му се заканѕва затворска казна до 5 години, а се верува дека палел трева и ѓубре и притоа не успеал да го контролира пожарот веројатно поради ветровитото време, објави полицијат.а

Нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година, град на околу 100 километри северно од Киев, е најлоша нуклеарна катастрофа во историјата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот