СЀ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ЕПЛ ТВ ПЛУС: Колку чини, какви филмови нуди и кои ѕвезди го промовираат (ВИДЕО)

Епл денеска ја промовираше Епл ТВ Плус платформата, која ќе биде директен конкурент на Нетфликс и Амазон Прајм, а на која гледачите по цена од 5 долари месечно ќе можат да следат оригинални содржини.

Оние кои ќе купат нов Епл гаџет, бесплатно ќе можаат да гледаат Епл ТВ Плус цела година, додека за другите гледачи е предвиден весплатен пробен период од седум дена.

Платформата се отвора со девет оригинални наслови, а Епл најмногу вложува во „The Morning Show“, драмата со Еиз Видерспун и Џенифер Анистон во главните улоги, која за две сезони располага со буџет од дури 300 милиони долари.

Впечатоците, барем засега, се измешани – Метакритик и Ротен Томатос, на оваа серија засега и даваат скор од 59 отсто.

Женскиот дел од публиката, ако можеме да судиме по коментарите на социјалните мрежи, најмногу е заинтересиран за постапокалиптичниот трејлер „See“, во кој главната улога ја толкува Џејсон Момоа, кој имаше забележителна улога во серијата „Игра на тронови“.

Во понудата засега се наоѓаат уште и „Dickinson“, комедија за пеотесата Емили Дикинсон, „For All Mankind“, алтернативна интерпретација на приказна за трка во вселената, „Sesame Street“, детската програма „Ghostwriter“, анимираната серија „Snoopy in Space“ и документарецот „The Elepjant Queen“.

Во следните неколку месеци, Епл се очекува да понуди уште пет наслови: „Servаnt“, „Truth be told“ , „Little America“, „The Banker“ и „Hala“.

Значајно е тоа што Епл ТВ Плус нема да содржи реклами, како ниту Нетфликс, но за разлика од Нетфликс, нема да нуди цели сезони од оригинални серии.

Повеќето од Епл ТВ Плус сериите ќе се прикажуваат на неделно ниво, но првите три епизоди ќе бидат достапни веднаш.

Платформата ќе биде достапна во повеќе од 100 држави, а оригиналната содржина е достапна во резолуциите 4К, HDR, Dolby Vision.

Засега не е познато дали и Македонија ќе биде дел од тие држави, меѓутоа сепак тоа е тешко да се очекува.

Исто така, Епл ќе има и „библиотека“ од лиценцирани серии и филмови каква што имаат и Нетфликс и Прајм, што значи дека на оваа платформа ќе можат да се гледаат строго оригинални содржини.

Цената е пониска од онаа на Нетфликс, а иако е вообичаено да постои и бесплатен пробен период, она што е необично е што тоа трае премногу долго – полни седум дена.

Содржината ќе може да се емитува на сите Епл уреди со новата Епл ТВ апликација, но ќе биде достапна и на уредите кои не се со марка Епл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот