RYCO: Младите од Северна Македонија бараат повеќе начини да се поврзат со своите врсници

Тинејџери седат во Градски парк / Скопје, септември 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Младите од Северна Македонија ги поздравуваат можностите дадени од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и бараат повеќе начини да се поврзат со своите врсници.

Овие можности прозлегуваат од реализацијата на проектот „Поддршка на колективното лидерство на Западен Балкан за помирување”, финансиран од Фондот за градење мир на ООН и спроведен од RYCO и трите агенции на ООН – UNDP, UNFPA и UNICEF, работилници за млади од различна етничка припадност насочени кон создавање можности за нив беа организирани да ги идентификуваат заедничките приоритети за мир и безбедност и да влезат во конструктивен дијалог со нивните врсници од целиот регион.

Од март 2020 година, партнерите на RYCO и на ООН исто така се ангажирани со 24 наставници од регионот и развија алатки за зајакнување на меѓукултурниот дијалог во регионот. Проектот, обезбедува работилници за млади луѓе од регионот, со цел развој на капацитети на младински групи и основни организации за пристап и користење на ресурсите на RYCO за вклучување во активности за градење мир на Западен Балкан.

– Во текот на мај, RYCO започна едномесечна кампања „YOUth Inspired by Peace”, чија цел е подигнување на свеста и зголемување на напорите за градење мир и помирување меѓу младите во Западен Балкан преку разни настани во кампањата. Во текот на целиот тек, кампањата е фокусирана на теми како што се едукација, прифаќање, разбирање и соработка за да се потенцира важноста на инвестирање во младите, релевантноста на нивните приказни и нивната моќ за промена, информираат од RYCO.

Појаснуваат дека со работата на наставниците и учениците во првите редови, кампањата ги користи најдобрите практики на работа во градењето мир за трансформативни педагогии низ Западен Балкан преку училишно вмрежување како алатка за промовирање на регионален дијалог.

Кампањата, исто така обезбедува активности за промоција преку интервјуа со наставници и студенти вклучени во проектните активности. Покрај тоа, шест училишта во етнички мешани градови низ регионот биле осветлени како симбол на премостување на постојните разлики меѓу младите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот