Ружин: Францускиот предлог го заштитува македонскиот јазик, Макрон погреши со „Северномакедонци“

Нано Ружин, поранешен амбасадор во НАТО / Утрински брифинг

„Самиот предлог предизвика голем број контрасти и емоции, што е разбирливо. Секое навлегување во идентитетот претпоставува емотивна реакција кај граѓаните. Сепак би поставил прашање – што ако немавме никаков предлог и дали ќе мрднеа некакви работи?“ – рече вечерва универзитетскиот професор и поранешен дипломат, Нано Ружин околу францускиот предлог за подигање на бугарското вето за земјава во ЕУ.

Тој додава дека во предлогот од Париз, „некои работи не ни се допаѓааат, некои се прифатливи“.

„Прашањата од идентитетот и јазикот мора да бидаат надминати, бидејќи не се прифатливи и се нашите црвени линии. Мислам дека јазикот е заштитен со овој француски предлог. Секогаш се знае дека никогаш не можете да бидете победник во дипломатско договарање. Не постои вин-вин, но не треба да се прифати дека услов за отпочување на преговорите е да влезат Бугарите во Уставот. Тоа ќе го закочи процесот, оти немаме двотретинско мнозинство во Собранието“, рече Ружин во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

Професорот е убеден дека Макрон нема големо познавање на Преспанскиот договор и затоа го употребил терминот „северномакедонци“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот