Потерница од ФБИ за Ружа Игњатова/Фото: ФБИ

Ружа Игњатова е жива и се наоѓа во Кејптаун, тврдат јужноафриканските медиуми

Бугарската криптокралица које е основач на OneCoin, Ружа Игњатова, која Федералното биро за истраги (ФБИ) од САД ја стави на листата на десет најбарани бегалци во 2022 година е жива и живее во Кејптаун, пишува јужноафриканскиот магазин Кејптаун ETC.

САД во моментов нудат награда до 5 милиони долари за информации кои би довеле до апсење и осуда на Игњатова.

Неколку извори тврдеа дека таа била убиена, а имаше и тврдења дека Игњатова била „исечена на парчиња“ од мафијашки „бос“ и фрлена во Јонското Море уште во 2018 година.

Сепак, полицијата во Германија потврди дека проверува дали таа е жива и се крие во Јужна Африка.

Информациите за тоа каде се наоѓа Игњатова, кои укажуваа на Јужна Африка, првпат беа објавени во германскиот документарен филм „Die Kryptoqueen – Ruja Ignatova und ihr Milliarden-Betrug“ (Криптокралица – Ружа Игњатова и нејзината измама од милијарди долари).

Претходно и германското издание Шпигел објави напис во кој се наведува дека германските власти се сомневаат дека претходните извештаи за смртта на Игњатова се лажни. Оттогаш тие го свртеа своето внимание кон следење на Јужна Африка.

Се верува дека во текот на целата шема OneCoin, Игњатова ги измамила жртвите од повеќе од 4 милијарди долари.

Обвинителството во Софија ја обвини Ружа Игњатова за перење пари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот