Рутински победи за Ѓоковиќ и Федерер

фото: АТП

Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер со победи на Мастерс турнирот во Синсинати се вратија на тениските терени по едномесечна пауза. Последниот настап на двајцата тенисери беше епското финале на Вимблдон кое му припадна на Ѓоковиќ, а го пропуштија Мастер турнирот во Монтреал кој е играше минатата недела.
Ѓоковиќ рутински во два сета со 7:5,6:1 во второто коло го победи Американецот Сем Квери.

– Малку бев нервозен бидејќи четиори недели немам одиграно официјален натпревар, ми бепе потребно време да го пронајдам вистинскиот ритам – изјави Ѓоковиќ кој во третото коло на турнирот во Синсинати ќе се сретне со Пабло Карењо Буста кој со 2:1 во сетови ги елиминира Џон Иснер.

Убедлива победа во два сета со 6:3,6:4 отвари и Федерер во дуелот со Хуан Игнасио Лондеро. Швајцарецот во третото коло го очекува победникот од дуелот помеѓу Вавринка и Рубљов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот