Рутинска победа на „Металците“

Фото: mztskopjeaerodrom.mk

Кошаркарите на МЗТ Скопје  поведоа со 1:0 во полуфиналето против Гостивар од кошаркарскиот плејоф, откако пред своите гледачи остварија убедлив триумф од 87:68.

Идентично и Работнички, „металците“ достоен ривал имаа само во првото полувреме, а својата моќ ја демонстрираа во третата четвртина. Во неа, кошаркарите на МЗТ Скопје со серија од 12:1 создадоа двоцифрена предност (67:50), што значеше крај за надежите на Гостивар за евентуално изненадување.

Најдобар во победничкиот тим беше центарот Предраг Самарџиски со 16 поени и седум скокови, додека Љубомир Младеновски уфрли 12 поени. Кај тимот од Гостивар кој во вторник ќе биде домаќин на вториот полуфинален дуел, се истакна Тенксли Ефианаи со 15 постигнати поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот