Руте: Не сум среќен со фактот што пристапните преговори со Северна Македонија сè уште се блокирани

Марк Руте
Марк Руте / Фото: EPA-EFE/BART MAAT

Холандија се надева дека по изборите во Бугарија ќе дојде до напредок во надминување на спорот меѓу Скопје и Софија и ќе стори сè што е во нејзина моќ за надминување на бугарската блокада за старт на пристапните преговори Северна Македонија со ЕУ, изјави денеска холандскиот премиер Марк Руте пред почетокот на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брдо кај Крањ.

– Ќе треба да почекаме на изборите во Бугарија. Не сум среќен со фактот што пристапните преговори со Северна Македонија сè уште се блокирани. Сметам дека тие треба да се деблокираат што е можно побрзо. Знаме и се надеваме дека тоа веројатно ќе се случи по изборите во Бугарија и ќе се обидеме да направиме се што можеме за тоа да се случи, нагласи Руте.

Извор: МИА

ФОТО+ВИДЕО | Заев: Ако декларациите на ЕУ не се преточат во дела ќе се направи непоправлива штета врз големата европска идеја

Видео на денот