Руте: Македонија е блиску до почеток на преговори, Албанија не е подготвена

Холандија не е против проширувањето на ЕУ и смета дека Северна Македонија е блиску до започнување на преговорите за членство, но оти Албанија сè уште не е подготвена за страт на преговорите, изјави холандскиот премиер Марк Руте за подгоричка „Побједа”.

– Не веруваме дека Албанија во моментов е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ. Што се однесува до Северна Македонија таа е поблиску до таа цел, вели Руте.

Тој посочува дека на состанокот на Европскиот совет во Брисел и покрај ваквата констатација за подготвеноста на двете земји, некои членки на Унијата не се согласиле процесот да биде раздвоен.

– За разлика од нив, одделни земји сакаа раздвојување и затоа на последниот Европски совет немаше одлука за прашањето за отворање преговори со овие две земји, изјави Руте.

Прашан дали 2025 година е реален рок за прием на некоја од земјите од Западен Балкан во ЕУ, холандскиот премиер вели дека одредувањето крајни датуми не е цел сама по себе и оти најважно е да бидат исполнети условите.

– Немаме ништо против проширувањето на ЕУ, но мораме да се погрижиме да ги почитуваме правилата и целиот процес да биде строг и чесен. Тоа е нашата позиција, изјави Марк Руте за подгоричка „Побједа”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот