Руте: Италија следниот пат ќе мора да биде подготвена сама да ги решава проблемите

Премиерот на Холандија, Марк Руте изјави дека е за солидарност, но не во вид на бесповратна помош, туку кредити, при тоа додаде дека следниот пат кога Италија ќе се најде во ситуација, како по пандемијата, ќе мора да биде подготвена сама да ги решава проблемите.

– Логична е помош во вид на кредите за земјите како Италија и Шпанија и анализите на Европска Комисија потврдуваат дека двете држави се најпогодени од кризата по пандемијата со Ковид-19 и оти можат да издржат нови задолжувања, изјави Руте во интервју за италијанскиот весник „Кориере дала Сера”.

Неговата изјава предизвика остри реакции од речиси сите италијански партии, без оглед на идеолошката ориентација. Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека Италија ќе ја надмине кризата и оти се бараат „начини и сила”.

Европска Унија најави дека ќе и помогне на Италија со 750 милијарди евра бесповратна помош, а конечната одлука ќе биде донесена на средбата на премиерите на земјите-членки, што е закажана на 18 јули.

Но, изјавата на Руте покажува дека во ЕУ не постои единствен став за начинот на помош за најпогодените држави од пандемијата со новиот коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот