6 C
Скопје

Русковска во раце има 19 предмети отворени од СЈО: 102 осомничени лица чекаат повик од ОЈО

Овие лица се осомничени во 19 предмети кои по згаснувањето на СЈО сега се во рацете на обвинителството за гонење на организиран криминал со кое раководи познатата обвинителка.

Сто и две осомничени лица од поранешното Специјално јавно обвинителство се опфатени во нови 19 и засега судски непочнати предмети кои СЈО ги формирало врз база на поседуваните „бомби“ и собрани материјални докази додека оваа институција постоеше. Овие предмети, пред згаснувањето на СЈО, беа предадени во надлежност на Јавното обвинителство на Македонија.

Како што дознаваме, предметите веќе се распоредени кај обвинители кои ќе постапуваат по нив во периодот кој претстои. Станува збор за неколку предмети: „Актор“ каде осомничени се 11 лица,  „Пациент“ осомничени се 15 лица, 13 лица се осомничени во „Империја“ и „Моќник“, 10 лица се осомничени во „Транспортер“ и „Поштенска банка“, деветмина во „Пропаганда“, четворица во „Дизајн“, по тројца во „Подарок“ и „Хармонија“, двајца осомничени има во „Попис“ и „Странски служби“ и по еден осомничен има во „Табла“, „Базни станици“, „Рентген“, „Продуцент“, „Лидери“, „Друмарина“ и „Тарифа 2“.

Прочитајте и...  Успешно заврши трансплантацијата на бубрег на Клиниката за урологија, во тек е втората - Верче денеска спаси три животи

Поважните докази (аудио снимките од УБК) кои сега под надлежност на ОЈО, односно Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, уште се чуваат во специјалниот трезор во старото седиште на СЈО на булеварот „Рузвелтова“. Таму ќе останат се додека ОЈО не донесе одлука за преселба на специјалниот сеф со „бомбите“ на друга локација. Дотогаш овој скап сеф кој го купи сега веќе осудената шефица на СЈО Катица Јанева и понатаму ќе го чува полицијата.

Статусот на обвинителите од некогашното СЈО и понатаму останува непроменет. Тие и понатаму ќе си постапуваат по старите предмети кои ги „наследија“ откако од СЈО дојдоа во ОЈО, а засега е нејасно дали некој од 12-те екс помошници на Јанева ќе добие дел од предметите кои се завршени во истражна постапка и спремни за поднесување на обвинителен акт.

Прочитајте и...  Бугарите уште на почетокот одбиле помош од меѓународни експерти

Според новиот закон за Јавно обвинителство кој е веќе стапен во сила се одредува и судбината на „бомбите“. Па така тие материјали кои се користеа како докази во судските предмети ќе се уништат во рок од три месеци откако целосно ќе завршат постапките, односно ќе бидат искористени сите вонредните правни марки. Во тој период ќе можат да се уништат и останати материјали од незаконско прислушуваните материјали кои не се предадени како докази во судовите, а не биле дел од предметите кои се во фаза на истрага.

 

Поврзани вести

Вучиќ: Србија ќе биде велесила во производството на вакцини

Слободен печат

Лекарот на Навални предупреди дека неговото здравје се влошува

Слободен печат

ВИДЕО: Пентагон потврди, објавената снимка со НЛО е вистинска

Слободен печат

Чешка протера 18 руски дипломати, обвинети се дека работеле за специјални служби

Слободен печат

Вучиќ за нон – пејперот на Јанша: Ниту сум видел мапа, ниту пак план – се залагам за постојните граници

Слободен печат

Веља Невоља и Месар во паника: Пронајдена ДНК трага од нивна жртва – мислеа дека ако „нема тело – нема дело“

Слободен печат

Остави Коментар