Русковска: Во „27 април“ нема обвинети, ниту се одговара за дело тероризам

Вилма Русковска / Фото: mia.mk

Кривичното дело тероризам и делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста се различни и во случајот за 27 април никој не е обвинет за тероризам, вели во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

„Кривичното дело тероризам и ова кривично дело, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, имаат сосема различен објект на заштита и дејствата на извршување се многу поразлични. Така што тука никој не е обвинет за тероризам, ниту одговара за тероризам. Обвинети за тероризам беа од „Диво Насеље“. Тие беа обвинети за тероризам, а тука никој не е обвинет за тероризам“, вели Русковска.

Според неа во моменти кога државата очајнички се обидува да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, несреќни изјави само нѐ оддалечуваат од тој датум,  организиран криминал и корупција, меѓу кои и претседателот Пендаровски во врска со судските пресуди за насилствата од 27 април.

„Ако добиеме датум прво се започнува со поглавјата 23 и 24. Тоа е правосудство и владеење на правото. Сметам дека лидерот на најголемата опозициска партија, кој можеби на следни парламентарни избори да стане премиер на оваа држава, уште помалку претседателот на државата, да даваат такви изјави. Тоа не е нивна работа. Не можат да си дозволат да коментираат судски пресуди, квалификации, затоа што, според мене, со тоа се врши директен политички притисок врз работата на судовите“, рече Русковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот