Русковска стигна во Советот на јавни обвинители: Ќе се избере ли замена за Јанева?

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска пристигна во Советот на јавни обвинители да ги достави списите кои ги побара Советот за случајот „Рекет“.

Советот денеска ќе одлучува дали ќе почне постапка за разрешување на Катица Јанева. На денешната седница, покрај обвинителката Русковска ќе присуствува и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Седницата на Советот ќе биде затворена за јавноста поради тајноста на истражната постапка која што сеуште е во тек.

Претседателот на Советот, Коле Штериев, минатата недела соопшти дека до нив е доставен извештајот, но дека не се комплетирани списите за активностите што се преземени во предистрагата и истрагата за случајот во кој е осомничена и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Штериев смета дека не може да се назначи в.д специјален обвинител без да и истече мандатот на Јанева.

Според републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, пак, Советот на јавни обвинители е тој што треба да решава и за местото прв човек на СЈО. Тој се повикува на Законот за јавното обвинителство каде во ваков случај треба да реагира Советот и да назначи вршител на должноста. Тоа, според него, би значело дека замена на Јанева би била некоја од нејзините колеги или колешки.

Советот на јавни обвинители брои десет члена, а одлуките ги носи со мнозинство гласови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот