Русковска по обвинувањата од Боки 13: Сите што имаат докази за нешто да ги достават до МВР

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, ги повикува оние што имаат докази за некаков криминал да поднесат пријава против неа, откако денеска обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13, излезе со обвинувања кон обвинителката, објави „360 степени“.

-Ги охрабрувам сите што имаат нешто да пријават тоа да го сторат и заедно со сите докази што ги поседуваат да ги достават до МВР – вели Русковска.

Обвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски на денешното рочиште ја обвини обвинителката Вилма Рускоска за корупција тешка 4 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот