1 C
Скопје

Русковска: Обвинетите за „27 април“ не се мали деца да може било кој да ги манипулира

Премиерот денеска беше викнат во својство на сведок, не беше викнат во својство на вешто лице да дава свое мислење. Тој не понуди никакви докази дека овие луѓе не се едни од организаторите. Апсолутно не се сложувам со изјавата дека биле изманипулирани, изјави обвинителката Вилма Русковска, по денешното рочиште за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Обвинетите, посочи таа, не се малолетни лица за да може било кој да ги изманипулира особено што долги години беа на едни од највисоките функции во државата.

– Се надевам дека судот при носење на одлука ќе ги цени како материјалните докази што беа предложени од обвинителството, што ќе бидат предложени од страна на одбраната, така и изјавата на сведоците, па врз основа на сето тоа дека ќе донесе правилна и законита одлука, изјави Русковска.

Заев: Јанакиески, Ристовски и Вељановски се изманипулирани од Груевски, тој е главен организатор на „27 април“

Во однос на тоа дали премиерот Зоран Заев досега споделил нешто вакво со неа, со оглед дека беше сведок и во претходната постапка, Русковска, рече дека денеска се појави во својство на сведок на одбраната.

Прочитајте и...  Процес во три фази: Владата го усвои Националниот план за вакцинација против ковид-19

Прашана дали ќе отвори истрага по исказот на Заев, Русковска, рече дека тој дал свое мислење, и не може да се отвори истрага за дадено мислење.

Спиро Ристовски со покачена температура, се одложи судењето за „27 април“ после паузата

Поврзани вести

ВИДЕО I Ооо Пјетер! Спасувачите извлекоа старец затрупан под 4 метри снег

Илинка Иљоска

Повторно отворена „Јавна соба“ – групата на која се споделуваа експлицитни фотографии

Слободен печат

ВИДЕО: Експлозијата го тресе Ријад само неколку дена по друг обид за напад

Слободен печат

Општина Карпош: Направените штети многу тешко се санираат дури и по законски пат

Анета Стојковска

ВИДЕО: Во исчекување на вакцините против ковид-19, земјите од Западен Балкан го губат трпението

Илинка Иљоска

Бајден се слушна и со Столтенберг: САД остануваат посветени на колективна одбрана и на зајакнување на трансатлантската безбедност

Слободен печат

Остави Коментар