Русковска: Не знам како делува Мијалков, дали е болен или не, но ќе размислиме дали ќе побараме затворски притвор

Фото: mia.mk

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков вечерва е спроведен во домашен притвор, а шефицата на Јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во изјава за медиумите порача дека ќе размисли дали ќе биде побарат затворски притвор за првообвинетиот во случајот „Таргет-Тврдина“.

– Целиот ден беше бурен и со колегите кои го застапуваат предметот ќе размислиме дали да побараме затворски притвор. Олеснителна околност, сепак, е што сам се пријави, истакна Рускоска.

Во разговор со неговиот адвокат, посочи Русковска, било заклучено дека направил грешка што не се пријавил и не го примил решението.

– Со Мијалков не се видов и не знам како делува, дали е болен или не. Се видов самно со едниот негов адвокат и во разговорот заклучивме дека направил грешка што два дена не се појави и што не му е врачено решението. Не знам каде бил, вели Рускоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот