Русковска: Камчев подигнал кредит за да ги плати петте милиони евра од спогодбата за „Империја“

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, вечерва откри дека со спогодбата за случајот „Империја“, бизнисменот Орце Камчев се согласил да ѝ исплати над пет милиони евра на државата.

-Преку одбраната, Камчев поднесе иницијатива. Со ова се надомести штетата кон државата и парите околу 5,1 милион евра се уплатени на сметката на Управната за јавни приходи. Тоа значи одмрзнување на имотот на Камчев, затоа што замрзнувањето беше со цел доколку не дојдеше до спогодба, државата да може да си ги наплати своите побарувања, објасни Русковска во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Според неа, Обвинителството дознало дека Камчев подигнал кредит од банка за спогодбата.

-По вештачењето кое беше изготвено од вештите лица на Економскиот факултет, се дојде до таа сума. Ние побаравме од УЈП да се произнесе дали има побарување. Они рекоа дека два милиони евра веќе се наплатени и треба уште, по што се дојде до сумата што ја уплати Камчев, кажа Русковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот