Русковска: Јанева влезе во филм, ја предаде довербата на народот

Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Имаше еден филм кој се викаше “Чарлиевие ангели”. Имаше и една обвинителка
Катица Јанева која влезе во тој филм, рече во својот уводен збор обвинителката Вилма Рускоска

– За овој случај имаме несоборливи докази – продолжи Рускоски, додавајќи дека Јанева ја предала довербата на народот.

– Таа ја предаде довербата на народот. Не се посрамоти само себе си туку сите обвинители. Таа свесно и со умисла на Јовановски му кажувала детали од истрагите на СЈО што биле службена тајна. Тој од осомничените во тие предмети барал голему суми пари, за да добијат условни казни или да бидат заштитени сведоци. Преку Милески Боки 13 стапил во контакт со Ана Камчева. Ќе го слушнете тоа од нејзиното сведочење. Милески се што направил било да му помогне на Камчев кој го осеќал како брат, но не заборавил да ја земе торбата со пари. Жртви во овој предмет сме сите граѓани на оваа држава – нагласи обвинителката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот