Русковска денес ќе поднесе жалба поради нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители

Вилма Русковска / Фото: mia.mk

Обвинителката Вилма Русковска соопшти дека денеска ќе ја обжали одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители.

Таа за МИА потврди дека напладне ќе поднесе жалба на решението за нејзина суспензија, а потоа ќе даде изјава за медиумите.

Русковска има два предмети кои се во пред истрага – едниот за Финансиска полиција и еден за станицата за технички преглед каде бил регистриран автобусот кој што изгоре во Бугарија.

За претресот на 18 јули во Управата за финансиска полиција, директорот Арафат Муареми на 8 август годинава поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против сите обвинители за кои тие сметаат дека постојат основи на сомнение за сторени кривични дела при постапување.

Републичкиот јавен обвинител, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа.

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, како што информираа вчера од ЈОРСМ, поднел предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда.

Видео на денот