Русковска: Боки 13 не беше уапсен во библиотека, туку при бегство

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Адвокатот Сашо Дуковски денеска од судскиот совет кој го води предметот „Рекет“ побара да му биде укинат притворот на обвинетиот Бојан Јовановски.

– Бараме да му биде укинат притворот бидејќи веќе нема потреба од негово продолжување под околноста „опасност од бегство“, побара адвокатот Дуковски.

Обвинителката Вилма Русковска рече дека се противи на било какво пуштање од притвор на Бојан Јовановски бидејќи него полицијата не го нашла во библиотека, туку го уапсила на граница при обид за бегство, нагласи Русковска.

Обвинетиот Бојан Јовановски пак во својата одбрана по предлогот рече дека е ноторна лага кажаното од обвинителката дека тој бил уапсен при обид за бегство.

– Нити сум имал намера да бегам или да се кријам од законот. Кога ми беше одреден притворот обвинителката и тогаш кажа ноторна лага дека екипа на МВР ме следеле и дека со 200 километри на час со возило сум им избегал. Лица со поголема криминална историја се на слобода, а врз мене се тренира правда. Мојата здравствена состојба стана „Шпанска серија“. Седум месеци сум во притвор. Давам ветување дека нема да го променам местото на живеење и поради економичност на постапката – рече Јовановски.

По однос на барањето на одбраната, судот рече дека на следното рочиште ќе се произнесе по барањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот