Руското повлекување од Киев под будното око на Пентагон: Изгледа како репозиционирање

Руски војници во Украина /Фото: EPA-EFE/STRINGER

Американското Министерство за одбрана предупреди дека иако помал број руски сили се оддалечија од Киев во последните денови, Русија сепак би можела да изврши брутални напади врз градот.

„Веруваме дека ова е репозиционирање, а не вистинско повлекување и сите треба да бидеме подготвени за голема офанзива во другите области на Украина. Тоа не значи дека заканата за Киев е завршена“, рече секретарот на Пентагон Џон Кирби, јавува Си Ен Ен.

„Никој не треба да се залажува со неодамнешното тврдење на Кремљ дека одеднаш само ќе ги намали воените напади во близина на Киев или какви било извештаи дека ќе ги повлече сите свои сили“, рече Кирби.

Кирби рече дека бројот на руските сили кои се оддалечуваат од главниот град на Украина не е ни блиску до поголемиот дел од она што го поставија против Киев, и дека Русија ги продолжи воздушните напади врз градот дури и денес.

Тој вели дека руските сили кои се репозиционираат се движат кон север, но дека е рано да се каже која е нивната крајна дестинација.

„Проценуваме дека ова е веројатно репозиционирање на силите што ќе се користат на друго место во Украина. Каде точно, не знаеме“, рече Кирби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот