Руското обвинителство побара две години куќен притвор за блиска соработничка на Навални

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Руското државно обвинителство денеска побара од судот да ја прогласи за виновна Љубов Собол, блиската соработничка на рускиот опозиционер, Алексеј Навални заради прекршување на безбедносните протоколи за ковид-19 и да и одреди ограничувања во наредните две години, рекол нејзиниот адвокат.

Обвинителството побарало судот да и одреди куќен притвор на Собол од 22 часот до 06 часот наутро во наредните две години, да и се забрани присуство на големи настани или политички собири и четири пати месечно да се јавува во полициска станица, откри адвокатот Владимир Вороњин на Твитер.

Собол, која вели дека обвинението против неа е политички мотивирана бесмислица, обвинета е дека ги прекршила анти-ковид мерките на уличен протест за поддршка на Навални, наведува Танјуг.

Таа претходно била во куќен притвор, а неколку блиски соработници на Навални, вклучувајќи го и нејзиниот брат, се судат заради истите прекршоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот