Руското МНР го повика американскиот амбасадор во Москва на разговор поради мешање во изборите

Американскиот амбасадор во Русија Џон Саливен денеска беше повикан на разговор во руското Министерство за надворешни работи, објавија руските медиуми. Според ТАСС, американскиот дипломат бил во зградата на министерството околу 20 минути.

Амбасадата на САД во Москва информираше дека Саливан се сретнал со заменик -министерот Сергеј Рјабков, со кого разговарале за билатерални прашања во контекст на намерите на претседателот Џо Бајден да изгради стабилни односи со Русија.

Сепак, руското Министерство за надворешни работи информира дека амбасадорот бил поканет на разговор во врска со мешањето на САД во изборите во Русија.

На американскиот дипломат му било кажано дека мешањето во внатрешните работи на Русија е апсолутно недозволиво.

Според соопштението објавено од прес-службата на Министерството за надворешни работи, за време на разговорите меѓу Рјабков и Саливен, било истакнато дека руската страна има непобитни докази за прекршување на руски закони од страна на американски „дигитални гиганти” во контекст на подготовка и спроведување на изборите за Државната дума.

„Во оваа насока, беше констатирано дека мешањето во внатрешните работи на нашата земја е категорично недозволиво”, соопшти руското МНР, додавајќи дека „се разговарало и за некои други прашања од билатерална природа”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот