Рускоска за два дена се враќа на работа

Шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, кон средината на идната недела ќе се врати на работа и лично ќе ја продолжи истрагата за случајот „Рекет“.

Од Јавното обвинителство велат дека според утврдениот распоред и решението, првиот дел од одморот на обвинителката Русковска завршува во среда (14 август), објави 360степени.

Ова би значело дека обвинителката во СЈО надлежна за случајот „Империја“, Лиле Стефанова, повикана во вторник во ОЈО за гонење организиран криминал, ќе го даде исказот пред обвинителот што ја заменува Русковска додека таа е на одмор. Следните денови на распит треба да се појави и Катица Јанева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот