Рускоска смета дека парите од „Рекет“ се потрошени

Фото: Слободен печат

Обвинителката Вилма Рускоска, во вечерашното гостување во „24 потворено“, зборуваше за случајот „Рекет“, каде потенцираше дека досега никој не и понудил спогодба.

Рускоска потенцираше дека не очекува одовлекување на случајот и смета дека нема многу обвинети во случајот, имало само тројца.

Доказниот матерјал е обемен и не очекува дека во наредните три дена ќе биде оценет обвинителниот акт од кога бил поднесен.

Таа потенцираше дека во истражниот тим има и форензичар кој ја убедил со неговата анализа дека снимката е веродостојна, но дека парите сѐ уште не се пронајдени и дека не биле обележани со што се отежнала истрагата.

– Лично мислам дека тие пари се протошени – рече Русковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот