Рускоска ПОТВРДУВА: Додека Боки 13 рекетирал, јавна обвинителка се вклучувала на интерфон

Обвинителката Вилма Рускоска во изјава за Код ги потврдува шпекулациите кои неколку денови се вртат на социјалните мрежи дека Бојан Јовановски (Боки 13) додека разговарал со бизнисмените за кои постои сомневање дека ги рекетирал, на интерфон во муабетот вклучувал и една јавна обвинителка.

КОД: Дали на тие снимки се гледа како осомничените го прават тоа (изнуда) или ја повикуваат Катица Јанева?

Рускоска: Па се гледа, а и се слуша.

КОД: Ја повикуваат Катица Јанева, се слуша такво на снимките? Дека и се јавуваат, да потврди нешто?

Рускоска: Видете, не можам да зборувам за детали од доказите со кои располагаме. Се слуша разговор со јавен обвинител.

КОД: Пуштен на интерфон?

Рускоска: Да.

Снимките кои сега ги поседуваат обвинителите за организиран криминал покажуваат дека рекетираниот бизнисмен ги снимал изнудите, а кога на интерфон била вклучувана и Јанева лично тоа исто така било регистрирано. Судот треба да ги цени дали ке бидат прифатени како доказ. Рускоска вели дека согласно препораките на Венецијанската комисија тие би требало да бидат прифатени поради јавниот интерес и вклученост на функционер – обвинител во нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот