Рускоска: Нема да има ПИ мерка за Катица Јанева

Фото:Слободен печат

Јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Рускоска во нејзиното денешно гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77 вели дека не смета оти случајот „Рекет“ ќе влијае на предметот „Империја“.

За останатите предмети на СЈО, рече дека не мора да пропаднат.

– Било кој од предметите ако има доволно докази нема да пропадне – рече Русковска.

За новиот закон таа рече дека се изненадила и оти од новинарите дознала за предлог-законот кој вчера го презентираше премиерот Зоран Заев.

Рускоска Рече дека сигурно ќе има забелешки, а една од нив ја посочи во делот на тоа дека наместо нејзините обвинители, пред Апелација предметите треба да ги застапува вишото обвинителство.

За информацијата која вчера ја изнесе лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, дека има мерка „С“ односно забрана за излегување од државата на Катица Јанева, Русковска рече дека за неа нема посебна истражна (ПИ) мерка.

– Од страна на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција не е побарнаа ПИ мерка за Катица Јанева. Не ја следиме, дали некој друг ја следи не знам – рече Русковска.

Вториот телефон на специјалната обвинителка, рече таа, засега не е пронајден.

Коментирајќи го случајот со рекетирање бизнисмени, таа рече оти не може да сфати како некој може тоа да го прави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот