Рускоска: Камчев директно му презентирал докази на Заев за случајот „Рекет“

Фото: Слободен печат

Бизнисменот Орце Камчев директно на премиерот Зоран Заев му презентирал мал дел од доказите за рекет,  изјави обвинителката Вилма Рускоска за Канал 77, каде вели дека веднаш премиерот ја известил неа и јавниот обвинител Љубомир Јовевски и побарал да поднесе кривична пријава. Рускоска и Јовевски го посоветувале Заев дека најдобро е сведокот сам да пријави бидејќи знаел многу повеќе информации и детали од тие кои му ги презентирал на премиерот.

– Тука се работи за еден специфичен случај. Првоосомничениот постојано беше во друштво со министри, со судии, со обвинители, и едноставно луѓето немаа доверба. Тоа е причината зошто прво се пожалил кај премиерот. Едноставно јас бев два пати гостин во таа телевизија, вели Вилма Рускоска.

Рускоска вели дека обвинителството поседува аудио и видео материјали од домот на сведокот кои според Венецијанската комисија иако се нелегални може да бидат докази кога во прашање е јавниот интерес. Според Рускоска и Јовевски во овој случај во прашање е јавниот интерес.

Рускоска говореше и за СЈО но и за Катица Јанева. Вели дека за неа нема посебни истражни мерки, но и гарантира дека предметите на Специјалното јавно обвинителство нема да пропаднат. Случајот „Империја“ не е загрозен вели Рускоска.

– Откако Врховниот суд го донесе тоа несреќно мислење, сметам дека и да остане така, ново обвинителство, може да го почне од почеток. Да ги собира доказите, и апсолутно не сметам дека било кој од предметите, ако има доволно докази и ако не застари нема да пропадне, рече Вилма Рускоска.

Рускоска вели дека и пред обелоденување на случајот, неколку бизнисмени пријавиле во обвинителството дека им е баран рекет. Два ипол месеци обвинителството интензивно работело на собирање на докази за отворање на истрага. Сега нови бизнисмени пријавуваат вели обвинителката тврдејќи дека се работи за големи суми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот