Рускоска: Кај три лица дадов наредба да се изврши претрес

Фото: Слободен печат

– Имам издадено наредба на три локации да се изврши претрес кај три лица. За осомничената Јасна Мандиќ побарав судија на претходна постапка да и одреди притвор, изјави обвинителката Вилма Рускоска.

Таа изјави дека ОЈО поседува доволно докази за сите осомничени.

Рускоска истакна дека од еден осомничен во претходната постапка имало тенденција за спогодба, но до тоа не дошло. Обвинителката истакна дека ОЈО обезбедило докази за трагата на парите во аферата “Рекет”.

– Утре за сите осомничени од првата притворена група во „Рекет“ ќе побараме продолжување на мерката притвор, рече Рускоска.

За останатите тројца денеска осомничени, ОЈО ќе побара поблаги мерки како одземање пасош, пријавување во суд и ненапуштање на живеалиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот