Рускоска: Боки го запознав кога гостував на таа телевизија, а неговата мајка ја познавам од прво одделение - Слободен печат

Рускоска: Боки го запознав кога гостував на таа телевизија, а неговата мајка ја познавам од прво одделение

Очекував повеќе признанија за вина, не само од еден, истакна денеска обвинителката Вилма Рускоска по завршувањето на судењето за одвоената постапка за предметот „Рекет” во кој обвинетиот Зоран Милевски – Кичеец призна вина, за разлика од првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 и второобвинетата Катица Јанева, кои се изјаснија дека не се виновни.

Обвинителката пред новинарите рече дека се познава со мајката на Боки 13,  со каја биле иста генерација и се познавале од прво одделение.

– Јас лично Боки го запознав кога првпат отидов  да гостувам  на таа телевизија, а во ресторан сум била со него само кога беше прославата  на 1ТВ и толку од нашите седења и дружења  по ресторани. Сето она друго што го кажа е невистина, истакна Рускоска.

Во однос на исказот на Боки 12 дека таа му обезбедила некакви информации, обвинителката рече дека не му дала никакви информации и дека новинарите треба да бидат сигурни во тоа. За изјавата дека камерите во домот на Јовановски ќе докажат каде се парите, Рускоска рече дека не знае дали тоа вештачење е завршено и дека доколку е така „ќе биде добро доколку се утврди каде завршиле парите”.

Обвинителката, на прашање на новинарите за пораката на Јанева до судиите да не се плашат од Рускосвска, рече дека поранешната специјална обвинителка не е во ситуација на никого да порачува дали да се плаши или не.

За почетокот на воведниот збор каде го споредио предметот „Рекет” со филмот „Чарлиевите ангели”, обвинителката Рускоска рече дека таа направила аналогија со тој филм.

-Секако дека сум го гледала, но не сум ја гледала македонската верзија, документарецот што тие си ја снимаа за себе и затоа почнав со Чарлиевите ангели, мислејќи на документарецот- рече Рускосска.

Судењето за предметот „Рекет” продолжува на 6 декеври годинава, додека пресудата за издвоената постапка во која Зортан Милевски – Кичеец призна вина, ќе биде изречена утре напладне.

Прочитај повеќе

Традицијата на Абориџините е спасот за Австралија

Слободен печат

Каде е Путин? (ВИДЕО)

Слободен печат

Мадуро: Трамп има одвратни советници за Венецуела

Слободен печат

Шведската амбасада во Сараево го посочи Скопје како пример за превенирање на аерозагадувањето

Слободен печат

Членови на нарко картел преку тунел избегаа од затвор

Слободен печат

Гутереш повика да се реагира неодложно и одлучно за Либија

Слободен печат

Остави Коментар

19 + nine =

Прочитај повеќе

Ердоган: Договорот помеѓу Турција и Либија ја полуде Грција

Слободен печат

Во Србија никогаш немало помалку жители од денес

Слободен печат

Светските лидери постигнаа договор за финалниот документ со кој ќе се реши кризата во Либија

Слободен печат

Светските лидери утре на економскиот форум во Давос

Слободен печат

Дел од Драчево и Ѓорче Петров утре ќе останат без струја

Слободен печат

Милановиќ сака да ја повлече армијата од Авганистан: Постојат добри аргументи против ова

Слободен печат