Руско МНР: Пристапувањето на Северна Македонија во НАТО се совпадна со денот на бомбардирањето на поранешна Југославија

Курсот на НАТО кон нејзиното проширување создава само нови линии за разделување, велат од руското МНР во пресрет на пристапувањето на Македонија во алијансата.

Залудно се надеваше Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг дека не очекува евентуалната руска реакција на членството на С.Македонија во Алијансата.

Се случи токму спротивното. Руското МНР остро реагираше на приемот на нашата земја во НАТО пред два дена кога беше подигнато македонското знаме во седиштето на Брисел

Курсот на НАТО кон нејзиното проширување создава само нови линии за разделување, велат од руското МНР во пресрет на пристапувањето на Македонија во алијансата.
-Очигледно е дека приемот на Скопје во алијансата не носи дополнителна вредност за европската, регионалната или националната безбедност. Овој чекор сигурно не придонесува за обединување на напорите за борба против вообичаени закани и предизвици, вклучително и пандемија на коронавирус, се вели во соопштението.
Токму поради пандемијата со корона вирусот пропаднал овј настан да се прикаже на помпезен начин, сметаат во Руското МНР.
-Среде вонредната состојба прогласена во земјава, лидерите на Северна Македонија, сепак, не ја пропуштија можноста помпезно да се изјаснат за историската природа на пристапувањето во НАТО, што наводно ја гарантира стабилноста и безбедноста на Скопје. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, дури и го нарече членството во организацијата „по наредба на татковците и дедовците “, стои во соопштението.
Сепак, она што остана незабележано руското Министерство за надворешни работи е фактот дека пристапувањето на Северна Македонија во алијансата скоро се совпадна со датумот на почетокот на бомбардирањата на НАТО од поранешна Југославија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот