Руско МНР: Москва се надева дека Вашингтон е сериозен во својата желба за дијалог

Официјална Москва се надева дека на утрешниот состанок со американски претставници во Женева ќе утврди колку е „сериозен” Вашингтон во желбата за дијалог, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека руската страна на состанокот треба да утврди „колку американската страна е сериозна во желбата за енергичен и фокусиран дијалог за стратешка стабилност”. Дијалогот за стратешка стабилност е воспоставен за време на самитот на претседателите на САД и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин, на состанокот на 16 јуни во Женева. Дијалогот има за цел да ги стабилизира тензичните односи меѓу Русија и САД.

Средба меѓу руската и американската делегација е закажана за утре во Женева и ќе се одржи зад затворени врати.

– Целта на состанокот е да се започне процесот, темелно да се анализираат точките на несогласувањата и да се направи обид за наоѓање области за заедничка работа, истакна Рјабков, додавајќи дека „големо прашање” е дали дијалогот ќе влијае на унапредување на билатералните односи.

Тој изјави дека нема големи очекувања, додека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков смета дека подобрувањето на односите е „многу сложен процес”, но го поздравува фактот што контактот е остварен.

Стејт департментот соопшти дека делегацијата ќе ја предводи американската заменичка на државниот секретар, Венди Шерман. Руската делегација ќе ја предводи Рјабков

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот