Руските власти протераа германски дипломати од Москва

Двајца германски дипломати, вработени во амбасадата на Германија во Москва, се прогласени за „персона нон грата” и донесена е одлука тие да ја напуштат Русија, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Таквиот потег следува откако Германија протера руски дипломати од Берлин поради наводна вмешаност во убиството на еден грузиски државјанин во август оваа година.

Како што соопшти Министерството, дипломатите имаат рок од седум дена да ја напуштат Русија.

Во меѓувреме, германскиот амбасадор во Москва, Геза Андреас фон Геир е повикан во руското МНР на разговор, каде ќе биде информиран за реципрочните мерки преземени против германските дипломати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот