Руските системи за воздушна одбрана не претставуваат закана за НАТО, тврди Чавушоглу

Ние сметаме дека Ц-400 и Ф-35 се компатибилни – рече тој за време на Светскиот економски форум во Давос.

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека руските системи за воздушна одбрана Ц-400 се компатибилни со американските борбени авиони Ф-35 и не претставуваат закана за НАТО.

– Ние сметаме дека Ц-400 и Ф-35 се компатибилни – рече тој за време на Светскиот економски форум во Давос.

Според него тие не претставуваат закана за системите и за сојузниците на НАТО.

Чавушоглу исто така предложи да се формира работна група, под раководство на НАТО, за да се разгледа прашањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот