Руските сили убиле десетмина цивили кои чекале ред за леб, тврди американската амбасада во Киев

Војник во Киев / Украина војна/ Фото EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Американската амбасада во Киев денеска соопшти дека руските сили убиле десетмина луѓе додека чекале ред за леб во украинскиот град Чернигов.

Во соопштението објавено на Твитер и Фејсбук, Амбасадата на САД не ги наведе доказите или изворите на своето тврдење.

– Руските сили денеска пукаа и убија 10 луѓе кои стоеја во ред за леб во Чернигов. Таквите ужасни напади мора да престанат. Ги разгледуваме сите можни опции за да обезбедиме кривична одговорност за ужасните злосторства во Украина, наведува амбасадата на САД во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот