Руските олигарси очајно сакаат да побегнат од Лондон: Им го укинале здравственото осигурување, молат да се вратат во Русија

Марија Захарова / Фото: Архива

Елитни делови на Лондон станаа целосно руски, зошто голем број руски олигарси, во текот на последните децении, ги изнесуваат своите пари од Русија, купуваа најлуксузни вили и дворци во Лондон и другите англиски градови.

„Каква цивилизација! Во Англија го поништуваат здравственото осигурување! Немаат никакви обврски. Тестот чини 450 фунти. Сакаме во Русија, само во Русија“, ги наведе портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова, зборовите на еден богат Русин кој бара да се врати дома.

Захарова на својата страница на Фејсбук напиша дека „многу богати луѓе“ се јавуваат во МНР и нудат да испратат приватен авион во Лондон за своето дете. Тие наведуваат дека во Велика Британија е „хаос“.

Претставничката на рускиот надворешно-политички ресор се посомневала во нивните зборови и предложила да останат во државата која е „столб на цивилизацијата“.

Таа додаде дека тие луѓе многу години ги правеле будали за нивните пари. Според нејзиното мислење, Русите кои заминувале „со злато ја платиле својата пропаст, илузијата“, наместо да ја поддржат својата земја.

Значи во многу држави на кои им донесовте пари, купувавте недвижности и градевте бизнис, вам ви покажаа врата“, напиша Захарова, додавајќи дека на аеродромите има цели редици на руски државјани кои сакаат да се вратат дома.

„Тогаш ве молам, почнете од основните работи – почитувајте ја својата земја и својот народ“, заклучи портпаролката на МНР на Русија.

Како што е познато, елитни делови на Лондон станаа целосно руски, зошто голем број руски олигарси, во текот на последните децении, ги изнесуваат своите пари од Русија, купуваа најлуксузни вили и дворци во Лондон и другите англиски градови.

Апелите на рускиот претседател, па и различните даночни олеснувања, за да ги вратат своите пари во земјата, имаа многу мал ефект.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот